Производителите на автомобили доминираат на листата на извозници на Турција, предводени од Ford Otosan со извоз од 5,8 милијарди долари во 2019 година, пишува Хуријет.
Toyota Турција е втор најголем извозник со 4,2 милијарди долари, додека Oyak Renault, Tofas Fiat и Mercedes – Benz Турција се меѓу топ 10 извозници.
Податоците покажуваат дека најголемите 1.000 извозници го зголемија својот вкупен извоз за 3% на годишно ниво на 103 милијарди долари. Нивниот удел во вкупниот извоз на Турција е 62%, додека 144 фирми за првпат се дел од оваа извозна листа.
Турција минатата година имаше извоз од 180,8 милијарди долари, што е за 2,1% повеќе во однос на 2018 година.
Фото: Pexels