Автомобилските компании планираат да инвестираат 1,2 трилиони долари во електрични возила

Најголемите светски производители на автомобили планираат да потрошат речиси 1,2 трилиони долари до 2030 година за развој и производство на милиони електрични возила (ЕВ), батерии и суровини за поддршка на тоа производство, според анализата на Ројтерс за јавните податоци и проекции објавени од компаниите.

Износот на планираните инвестиции во електрични возила ги надминува претходните проценки на британската агенција и е повеќе од двојно зголемен во споредба со пресметката објавена пред само една година.
Со цел да се добие идеја за обемот на инвестицијата, Ројтерс ја споредува наведената сума со пазарната капитализација на Alphabet, матичната компанија на Google и Waymo, која изнесува 1,3 трилиони долари.