Автономните возила ќе “учат“ како да се справуваат со несовесни возачи

30

Вештачката интелигенција (ВИ) не може да предвиди како луѓето или возачите би се однесувале во одреден момент.

Според ВИ, луѓето реагираат рационално и предвидливо, што не е секогаш така, пишува Engadget.

За да може оваа технологија да препознава одредено однесување и соодветно да реагира, научници од Универзитетот MIT работат на тоа да ја обучат ВИ подобро да предвидува човечки потези во сообраќајот.

За оваа цел, научниците користат алатки од социјалната психологија за да му помогнат на системот да ги класифицира однесувањата како себични и несебични.

Според ова, автономните автомобили ќе можат да предвидат кога некое возило сака да смени лента или на пример кога неочекувано ќе сврти на лево.

Фото: Pixabay