Автономно комбе бесплатно вози патници до железничка станица во Баварија

20

mainbanner-1-1395x600

Фото: EasyMile

Германската железница (Deutsche Bahn) го претстави своето прво автономно комбе што бесплатно вози патници од бања во Баварија до железничката станица, пишува Deutsche Welle.

Паметното комбе, што може да превезе 12 патници, го проектираше француската старт – ап компанија EasyMile. Опремено е сензори што можат да откријат пречки и да активираат сопирачки. Возилото се движи по претходно програмиран пат со ограничена брзина од 15 километри на час на пат што има ограничување на брзина од 30 километри на час. Комбето не може самостојно да ги избегнува пречките, но во случај на вонредна состојба (ако автомобил е погрешно паркиран на патот) човек може да ја преземе контролата на комбето со помош на џојстик.

“Влеговме во нова ера на јавниот превоз“, вели генералниот директор на германската железница, Ричард Луц.

Од 2018 година, германската железница планира да ги тестира своите комбиња во повеќе градови.