Автономно летало генерира енергија од ветровите сред океан

34

Компанијата Makani, со седиште во Калифорнија, креираше автономни летала, коишто генерираат ветерна енергија во многу поголема количина отколку традиционалните турбини.

Леталото коешто потсетува на змај, кружи сред океан, прикачено со јаже за пловна платформа и контролирано од компјутерски систем. Со оглед на тоа што се наоѓа каде што се најсилните ветришта, тоа успева да “собере“ многу повеќе ветерна енергија од своите претходници коишто е многу тешко да се постават на такво место.

Компанијата Makani, којашто е под раководство на Alphabet, се надева дека ова ќе го реши проблемот со добивање на електрична енергија од ветрот на глобално ниво.

Моментално леталото, коешто има распон на крилата од 26 метри, се тестира во Норвешка, пишува CNN.

Изработено е од карбонски влакна и има осум ротори коишто го придвижуваат генераторот за да произведе електрична енергија.

Фото: Makani