Автопилотот на Теsla под истрага за повеќе сообраќајни незгоди

16

Системот Автопилот којшто се користи во електричните автомобили на Tesla, е под истрага за 11 сообраќајни незгоди.

Повеќето несреќи се случиле ноќе, а мерките за контрола на сообраќајот, како што се возила за итни случаи, факели, осветлени табли со стрелки и конуси на патот биле присутни на тие места. Возилата вклучени во несреќите имале автоматски пилот или контрола на сообраќајно крстосување при приближување кон овие локации, се вели во документите за истрага.

Американската Национална управа за безбедност во патниот сообраќај почна истрага, првично со нагласка на автопилотот на моделите „Y“, „X“, „S“ и „3“, на Тesla, произведени меѓу 2014 и 2021 година, што значи – околу 265.000 електрични возила. Несреќите се случија меѓу јануари 2018 и јули оваа година, во американските сојузни држави Масачусетс, Мичиген и Аризона, а три несреќи се случиле и во Калифорнија. Автопилотот го држи автомобилот во лента и ја одржува брзината, но сепак тој не е целосно самоуправувачки систем. Возачите се одговорни за другите фактори, како што се други возила и следење на однесувањето на други возачи.