Awsome – алатка за програмерски тимови што користат cloud ресурси

45

Inellipse е сoфтверска компанија од Битола, којашто на пазарот постои од 2008 година. Основна дејност е, како и на голем број други македонски компании, outsourcing на софтверски услуги за странски клиенти и партнери.

Најголем фокус при креирање на апликации се крајните корисници, а мал дел на компаниите креираат алатки за да си помогнат при самиот развој на апликациите. Ова е една од причините зошто компанијата одлучи за свој таргет да ги има програмерските тимови. Од друга страна, тимските chat апликации заземаат се поголема и поважна улога во работата на програмерските тимови. Друг многу битен тренд кој што се појавува е што секој корисник се стреми да го оптимизира бројот на апликации што ги користи, односно трендот оди во насока да преку една апликација корисниците можат да имаат повеќе функции.

Awsome.dev е сè уште само прототип и веќе се работи на развој на првичната верзија којашто планирано е да биде лансирана во септември оваа година.

Awsome претставува интеграција на cloud провајдери со chat апликации за тимови кои најмногу се користат во компаниите за комуникација помеѓу вработените.

Оваа апликација е наменета за програмерските тимови кои користат cloud ресурси. Awsome им помага со само неколку едноставни команди преку нивната chat апликација да ги менаџираат ресурсите, притоа заштедувајќи им и време и пари. Исто така, преку интерфејсот на нивната омилена chat апликација имаат преглед на сите ресурси кои ги користат во моментот и нивниот статус со што се намалува ризикот од дополнителни трошоци за компанијата.

Awsome, освен управување на cloud ресурси, ќе нуди и дополнителни алатки кои помагаат при секојдневната работа на програмерите, со што им овозможуваме голем број на функции само преку една интеграција и пишување на едноставни команди на нивниот chat.

Од друга страна, Inellipse веќе активно работи и на искористување на овој ист механизам за развој на производ којшто ќе овозможи комуникација помеѓу различни chat апликации, што значително би ја олеснила комуникацијата помеѓу различни тимови, би ја поедноставила соработката и секојдневната работа, и што е најважно би му заштедило време на секој корисник.

Од април годинава, Inellipse беше дел од акцелераторската програма на Бизнис Акцелератор УКИМ. Во рок од 12 недели интензивни обуки и работилници, Inellipse работеше на развој на иновативно решение коешто им помага на програмерските компании полесно да ги менаџираат своите ресурси на cloud, а истовремено и да ги намалат оперативните трошоци од нивно користење. Па така, идејата за апликацијата Awsome веќе некое време се “крчка“ и сега се појави можноста преку Акцелераторот да добие експертска помош за развивање на истиот.

Ова софтверско решение доби поддршка од Акцелераторот УКИМ преку учество во неговата акцелераторската програма, во импелементација на CEED Hub Skopje.