Axel Springer купи 88% од акциите на Business Insider за 306 милиони евра

34

axel-springer-business-insider1

Водечкиот дигитален издавач во Европа, Axel Springer, најави дека е склучен обврзувачки договор за купување на околу 88% од акциите на американскиот бизнис портал Business Insider, за 306 милиони евра.

Оваа аквизиција, како што се наведува, е важен сегмент од стратегијата на Axel Springer за глобално проширување, зголемување на понудата на информации на англиски јазик и поголема посветеност на иновативноста во дигиталното новинарство.

Оваа издавачка куќа од Германија веќе имаше удел од 9% во Business Insider, со што сега располага со 97% од вкупниот капитал на порталот. Преостанатите 3% од акциите ќе останат во сопственост на инвестиционата компанија Bezos Expeditions.

Основачот, главниот извршен директор и уредник, како и главниот оперативен директор ќе продолжат да ги извршуваат своите функции во Business Insider.