Азиски пазари: Пораснаа индексите по скокот на цената на нафтата

Азиските индекси пораснаа на почетокот на новата недела на крилата на растот на цената на нафтата.
Фјучерсите на нафтата Брент и американската сурова нафта West Texas Intermediate (WTI) пораснаа за цели 8%, откако членките на ОПЕК + се согласија да намалат повеќе од 1 милион барели дневно до крајот на 2023 година.

Австралискиот S&P/ASX 200 порасна за 0,76%, додека јапонскиот Nikkei 225 порасна за 0,40%, а Topix за 0,51%. Јужнокорејскиот Kospi падна за 0,16%, додека Kosdaq порасна за 0,37%.

Пораснаа и пазарите на континентална Кина, при што Shenzhen Component порасна за 0,57% и Шангај Композит за 0,22%.

Од друга страна, индексот Ханг Сенг падна за 0,15%, додека Технолошкиот индекс Ханг Сенг забележа поголема загуба од 0,68%.

Активноста на јапонските фабрики покажа поблага контракција за пет месеци. Индексот на менаџери за набавки во производството се зголеми на 49,2% за март, во однос на февруарската бројка од 47,7%, врз основа на приватна анкета, цена од очекуваната.

Основниот индекс на лична потрошувачка, кој ги исклучува трошоците за енергија и храна, се зголеми за 0,3% во февруари, помалку од очекуваните 0,4%. Сите три главни американски индекси затворија повисоко, при што Nasdaq Composite води во добивката, со раст од 1,74%.