Азискиот ланец хотели Swiss-Belhotel влегува во Европа преку Бугарија

2

swiss-belhotel-spa-varna

Азискиот ланец хотели Swiss-Belhotel International ја избра Бугарија како локација да го отвори својот прв хотел во Европа. Тоа е хотелот Димят во Варна, кој веќе се нарекува Swiss-Belhotel & Spa Varna.

“Нашето влегување на високо конкурентниот европски пазар одбележува уште едно возбудливо поглавје во приказната. Почнавме во Азија, се проширивме во Австралија и Нов Зеланд, а од неодамна го зголемивме нашето присуство на Блискиот Исток. Сега е вистинското време за следната фаза во нашата стратегија за развој и со нетрпение очекуваме да ги внесеме нашата страст и професионализам во угостителството во Европа со Swiss-Belhotel Varna во Бугарија”, вели претседателот на Swiss-Belhotel International, Гевин М. Фол, пишува Money.bg.

Swiss-Belhotel International менаџира портфолио со преку 135 хотели во земји како Индонезија, Малезија, Виетнам, Кина, Нов Зеланд, Обединети Арапски Емирати, Бахреин, Катар, Кувајт и Египет.