Азиските берзи пораснаа, доларот стабилен

19

Цените на акциите пораснаа на азиските берзи во понеделникот, најмногу благодарение на новите мерки на кинеските власти за стабилизирање на пазарот на недвижности, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути беше стабилна.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 07:00 часот порасна за 0,3 отсто, достигнувајќи ново највисоко ниво во последните 15 месеци.

Истовремено, јапонскиот Никеи индекс зајакна за 1 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија пораснаа меѓу 0,4 и 0,6 отсто.

Кинеските берзи се поддржани од владините најави за нови мерки за борба против кризата на пазарот на недвижности и надежта на инвеститорите за нови стимулативни мерки, со оглед на слабоста на економијата.

Во фокусот на инвеститорите оваа недела ќе биде монетарната политика на најголемите централни банки во светот.

За оваа недела се најавени изјави на неколку функционери на ФЕД, а ќе биде објавен и записникот од нивниот последен состанок кој би можел да покаже како челниците на централната банка го оценуваат економскиот амбиент.

Гувернерката на ФЕД, Мишел Бауман, во текот на викендот повтори дека е подготвена да ги зголеми каматните стапки, доколку трендот на постепено опаѓање на инфлацијата престане или се смени.

На валутните пазари, пак, вредноста на доларот во однос на кошничката валути е стабилна, по минатонеделниот пад.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,45 поени, како што беше и во петокот навечер.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 155,65 на 155,80 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0875 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0870 долари.

И по благиот пораст минатата недела, утрово цените на нафтата дополнително зајакнаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,17 отсто, на 84,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,04 отсто, на 80,10 долари.