Азиските берзи пораснаа најмногу во последните седум месеци

39

На азиските берзи цените на акциите пораснаа трет ден по ред и достигнаа највисоки нивоа во последните седум месеци, а растот го водеа пазарите кои беа затворени изминативе денови поради лунарната нова година.

Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, порасна за 0,4 отсто и достигна највисоко ниво во последните седум месеци. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја и Сингапур пораснаа меѓу 0,6 и 1,7 отсто. Во Австралија благо паднаа, додека кинеските пазари сè уште не работат.

Сингапурската и јужнокорејската берза предничат по добивки утрово, бидејќи инвеститорите го надополнуваат пропуштеното, имајќи предвид дека во претходните два дена, кога светските берзи пораснаа, немаше работа во тие земји.