Азиските берзи растат четврти ден по ред

26

На азиските пазари цените на акциите пораснаа четврти ден по ред, достигнувајќи нови највисоки нивоа во последните седум месеци, но тргувањето е претпазливо бидејќи економските показатели не се многу импресивни. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, зајакна 0,5 отсто и достигна нов седуммесечен максимум.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за 0,2 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Сингапур и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,6 и 1,9 отсто. Во Австралија и Шангај не работат поради празници.

Берзата во Хонг Конг утринава води по добивки, бидејќи инвеститорите го надополнуваат пропуштеното, со оглед на тоа што во тој град не работеа во претходните три дена.