Бабичка ја прими првата вакцина против коронавирусот во Велика Британија

96

Деведесетгодишната Маргарет Кинен е првата личност на светот што ја прими вакцината против коронавирусот на Pfizer. Таа е прва што ја прими вакцината надвор од клиничките испитувања, откако Велика Британија започна со масовна имунизација на населението.

Кинен ја прими вакцината во локална болница во Ковентри, во централна Британија, во 6:31 часот, една недела пред да наполни 91 година.

“Се чувствувам привилегирано што сум првата личност која ја прими вакцината“, рекла Кинен.

Велика Британија од денеска започна со масовна вакцинација против коронавирус со вакцина што ја развија Pfizer и BioNTech.

Фото: Facebook