Бабовски: Овошјето и зеленчукот се безбедни, нема тешки метали во доматите и краставиците

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска уште еднаш потврди дека негативни се резултатите од анализите за наводно присуство на резидууми од метали и тешки метали, како што соопшти опозицијата.

Бабовски на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа ќе се знае, потенцира, наредните денови.

-Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните.

Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.  Тој порача кога се излегува да се каже нешто, тоа треба да биде точно и вистинито.