Бадел излегува од бизнисот со безалкохолни пијалоци

85

pozivnica_vinofin

Хрватската компанија Badel 1862 објави на Загрепска берза дека донеле одлука за излегување од бизнисот со безалкохолни пијалоци и дека го затвораат погонот во Загреб. Одлуката е донесена во согласност со усвоената Програма за реструктуирање.

Врз основа на утврденото долгорочно стратешко определување, компанијата ќе се фокусира на производство и дистрибуција на жестоки алкохолни пијалоци и вина, со што сака да ја зајакне својата пазарна позиција на регионален лидер и најголем хрватски извозник во категоријата жестоки алкохолни пијалоци и црвени вина, стои во соопштението.