
Компанијата на Ворен Бафет, „Беркшир Хатавеј“, целосно се повлече од кинеската компанија BYD, со што заврши седумнаесетгодишна инвестиција која во меѓувреме се зголеми за повеќе од дваесет пати.
Компанијата на Бафет влезе во BYD во 2008 година, кога купи околу 225 милиони акции за 230 милиони долари, што во тоа време претставуваше десет проценти удел. Откако цената на акциите се зголеми за повеќе од 20 пати, Беркшир почна да ги продава во 2022 година.
Директорот за бренд и односи со јавноста на BYD, Ли Јунфеи, му се заблагодари на Бафет за неговата „инвестиција, помош и присуство во текот на изминатите 17 години“, истакнувајќи дека тоа е „нормален инвестициски потег“.