Бафет има совет што да направите кога инфлацијата е висока

379

Инфлацијата во светот си го зема данокот, а сè, од енергија до храна доживува силен пораст на цените.

Мултимилијардерот, инвеститор и основач на Беркшир Хатавеј, Ворен Бафет, вели дека луѓето можат да направат одредени потези за да се заштитат од ефектите на инфлацијата.

На годишното собрание на акционери Бафет предложи поради инфлацијата да се направи она што тој смета дека е ефективна реакција на овој економски проблем. Тој предложи да се подобрат вештините и да се обиде да биде што е можно подобар во она што некој го прави.

Вештините се отпорни на инфлација

„Најдоброто нешто што можете да го направите кога станува збор за инфлацијата е да бидете исклучителни во нешто“, вели 91-годишниот бизнисмен, наведувајќи го примерот на лекарите и адвокатите.

Според него, за разлика од валутите, вештините се отпорни на инфлација – ако некој има вештина што е барана, таа ќе остане барана без разлика колку вреди доларот.

„Без разлика за какви вештини зборувате, никој не може да ви ги одземе. „Убедливо најдобрата инвестиција е инвестирањето во себе, а тоа не се оданочува“, рече тој.

Инфлација и претходно тема на Бафет

Бафет го даде овој совет и во 2009 година кога изби рецесијата. И тогаш рече дека е најдобро да се инвестира во себе. Тој предложи и инвестирање во активности кои создаваат производи кои се барани без разлика на вредноста на доларот. Како пример ја наведе Кока Кола.

Како што рече, луѓето со децении го посакуваат овој газиран пијалок, без разлика дали има или не инфлација, пренесува CNBC.