Бафет во 1999 година даде совет како да се стане богат што важи и денес

110

Милијардерот и инвеститор Ворен Бафет во 1999 година даде совет како да се стане богат, а се применува и денес.

“Ако сакате да бидете богат како Ворен Бафет, не чекајте да започнете“, рече тој на годишното генерално собрание на конгломератот Berkshire Hathaway пред 22 години, на прашањето како да се стекне богатство од 30 милијарди долари – колку што тогаш беше проценето неговото богатството.

Тогаш имаше 68 години, а во меѓувреме неговото богатство порасна на повеќе од 100 милијарди долари. Зборувајќи за тоа како да се стекне богатство, тој истакна дека “каматата е најдобар пријател на инвеститорот“ и го спореди стекнувањето богатство со тркалање карпа по рид.

“Започнете рано. Кога почнав да стекнувам богатство, тоа беше мала грутка на врвот на еден многу долг рид. Трикот е да имате долг рид и да започнете да го правите тоа многу млад“, рече Бафет.

Тој неодамна изјави дека износот на неговото богатство е “неразбирлив“, пишува CNBC.

Фото: Pexels