Baggizmo ќе креира чанти за жени и лица со проблеми со видот

55

baggizmo 25

Хрватската старт – ап компанија што ја дизајнираше машката чанта Baggizmo планира да креира верзија на чанта за жени, како и за лица кои имаат проблеми со видот, пишува Пословни дневник.

Покрај тоа, како што се наведува, хрватските дизајнери планираат да направат и чанта за ученици и студенти кои не носат многу учебници кога се на настава.

Зад дизајнот на овие иновативни чанти стои брачната двојка Ладислав и Изворка Јуриќ од Хрватска.

Baggizmo се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде што досега собра 37.219 долари од 370 инвеститори. Кампањата трае до осми овој месец, по што веднаш започнува производството на овие функционални чанти.