Baha Mar – нов ресорт на Карибите вреден 3,5 милијарди долари

5

Baha-Mar-aerial-view-nkiНа 27 март свечено ќе биде отворен новиот ултра луксузен ресорт Baha Mar кој се наоѓа на Карибите.

Чисти бели песочни плажи и кристално прозирната тиркизна вода беа доволна причина оваа рајска природа да добие еден ваков величенствен туристички комплекс.

Луксузниот ресорт се состои од четири хотели Baha Mar Casino & Hotel, Grand Hyatt, SLS LUX и Rosewood.

Целиот комплекс вклучува 2.200 соби, 284 приватни резиденции, огромно казино кое зафаќа површина од 9.300 метри квадратни, спа центар кој се простира на 2.800 m2 и ексклузивен терен за голф со поглед на океанот.

Baha Mar има 40 ресторани, барови, ноќни клубови, простории за деловни состаноци и конференции, познати бутици и 20 хектари плажи и базени.

luksuz-hotel-odmor-baha-mar (3)24FC48D500000578-0-image-a-76_1422036703038Aquaventure-in-Atlantis-Bahamas24FC49E900000578-0-image-a-84_142203698464024FC49F300000578-0-image-a-78_14220367429258777930_27_zluksuz-hotel-odmor-baha-mar (4)luksuz-hotel-odmor-baha-mar (5)rosewoodbahamar_roomrenderingrosewoodbahamar2baha-mar-01