Бајден има уште еден “кец“ во ракавот пред да замине: Планира посилни санкции против Русија

Администрацијата на Бајден размислува за нови, построги санкции против профитабилната руска трговија со нафта за да го зголеми притисокот врз Кремљ само неколку недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Деталите за можните нови мерки сè уште се разработуваат, но тимот на американскиот претседател Џозеф Бајден размислува за ограничувања кои би можеле да бидат насочени кон извозот на руска нафта, пишува Блумберг повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Според извештаите, Бајден долго време се спротивставувал на новите санкции од страв дека тие ќе доведат до зголемување на светската цена на енергијата, особено пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави, но сега неговата администрација е отворена за поагресивни потези.

Фото:Pixabay