Бајден повика на зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум

17

Американскиот претседател Џо Бајден повика на тројно зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум пред денешното обраќање пред челичарите во Питсбург.
Повикот доаѓа откако Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR) објави дека започнала истрага за трговските практики на Кина во бродоградба.

Во соопштението објавено денеска, Белата куќа рече дека кинеската политика и субвенциите за домашната индустрија за челик и алуминиум предизвикуваат вештачки пад на цените на кинеските производи, со што ги намалуваат цените на висококвалитетните американски производи, објави француската новинска агенција. јавува АФП.