Американскиот претседател, Џо Бајден, сака половина од автомобилите што ќе бидат продадени во САД до 2030 година да бидат со нулта емисија на штетни гасови, соопшти Белата куќа.
Со достигнување на оваа цел, ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид и ќе се зголеми конкурентноста во однос на Кина, пренесува ВВС.
Сообраќајот придонесува со 29% од емисијата на штетни гасови во САД во 2019 година.
Продажбата на еколошки автомобили во САД заостанува во однос на Европа и Кина.
Трите најголеми производителите на автомобили во САД ја поздравија оваа цел, иако уште нема законско решение за нејзино спроведување. Ford, General Motors и Stellantis истражуваат “заедничка тенденција“ 40 до 50% од продадените возила да бидат електрични, вклучувајќи и хибридни возила до 2030 година.
Фото: Pixabay