Бајден се откажува од зголемување на данокот на добивка

29

Американскиот претседател Џо Бајден понудил да го повлече својот предлог за зголемување на данокот на добивка на компаниите во текот на преговорите со републиканците околу инфраструктурниот пакет, велат извори за Ројтерс.

Тоа, како што наведува британската агенција, би била голема отстапка на демократскиот претседател во настојувањата да постигне договор и да добие поддршка од републиканците за финансиски средства предвидени со пакетот за инфраструктура.

Бајден понудил да се откаже од планот за зголемување на стапката на добивка на дури 28% и наместо тоа да утврди минимална даночна стапка од 15% којшто компаниите би требало да ја плаќаат.

За возврат, републиканците би морале да се согласат на најмалку 1.000 милијарди долари нова потрошувачка за инфраструктура.

Бајден првично предложи инфраструктурен пакет што би чинел 2,25 илјади милијарди долари.

Фото: Pexels