Бакарот никогаш поскап! Цените на највисоко ниво во последните две години

41

Глобалните цени на бакарот се искачија на највисокото ниво во последните две години, бидејќи на берзата во Њујорк во 13 часот металот се тргуваше за 4,8230 долари за фунта.

Во изминатите два месеци цената на бакарот порасна за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.

Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта.

Тековниот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) прогнозира дека побарувачката за фосилни горива постепено ќе се намалува како што светот постепено ќе преминува кон други извори на енергија.