Балажиќ: Не е вистинско време за продажба на Меркатор

25

balazicДиректорот на словенечки Меркатор, Тони Балажиќ смета дека сега не е вистинско време за продажба на овој трговски ланец.

“Процесот на продажба на Меркатор во овие околности ќе биде тешко да се спроведе и на тоа јасно ги предупредивме акционерите уште есента минатата година”, изјави Балажиќ во разговор за порталот на Телеком Словенија, пренесува Seebiz,

Балажиќ додава дека Меркатор се соочува со се посилна конкуренција, пад на приходите, висок степен на задолженост и превисоки трошоци, па работењето треба да се поправи за да порасне вредноста на компанијата. Тој наведе дека Меркатор на словенечкиот пазар работи со добивка, иако потрошувачката паѓа. Иако е релативно високо задолжен, Меркатор нема проблеми со тековната ликвидност, ги исполнува своите обврски, а со банките е во постојан контакт поради подобрување на структурата на изворите на финансирање.

Според Балажиќ, Меркатор е здрава компанија, но носи проблеми од минатото кога се проширувал и влегувал во области што не се негова основна дејност, а сегашната управа сака тоа да го исправи спроведувајќи политика на намалување на трошоците и рационализација.