Балканскиот Amazon во развој – кога ќе биде достапен во Македонија?

143

Српската компанија Delta која развива платформа за е-трговија, наречена Ananas и е во фаза на развој, најпрво ќе биде достапна за корисниците во Србија, по што наскоро ќе се појави на пазарите во БиХ, Црна Гора и Македонија. За крај, тие ги  оставија пазарите во Хрватска и Словенија.

“Започнавме со подготовки за развивање на онлајн трговија пред скоро една година. Развојот вклучува консултанти од групацијата Boston Consulting Group, потоа искусни менаџери од најголемите глобални онлајн продавници, како што е поранешниот директор за логистика во Mercado Libre, најголемата онлајн продавница во Јужна Америка. Платформата ја развива компанијата HTEC. Целта на сите овие активности е да му понудат на клиентот Ananas искуството што го нудат најголемите светски онлајн продавници. Планот е Ananas да започне со работа во текот на летото оваа година “, објасни за InStore Рајко Мандиќ, генерален директор на платформата Ananas.

Како што најавува, корисниците ќе можат да најдат се што е потребно на платформата Ananas – од електроника, преку облека и обувки, сè до алати и мали апарати за домаќинство. Затоа тие го нарекуваат Балкански Amazon, како локална верзија на големиот американски интернет продавач.

Во многу конкурентно опкружување, главните предности на Аnanas ќе бидат точна и брза испорака, развиена поддршка за клиенти, квалитет и голем избор на понудена стока, како и целокупното корисничко искуство.

Мандиќ смета дека потенцијалот за раст на трговијата преку Интернет на Балканот е огромен и дека пандемијата на вирусот Ковид-19 дополнително го забрза растот на оваа индустрија.

Фото: Pixabay