Балканскиот моден гигант ПС Фешн во Скопје Сити Мол

42

IMG_6131Во Скопје Сити Мол вчеравечер се отвори најновиот моден женски бренд за гардероба и аксесоари ПС Фешн, каде покрај сопствениците и целиот менаџерски тим присуствуваа и преку 300 гости, меѓу кои голем дел јавни личности.

Со свечено отворање се најави стартот на работењето на модниот бренд во Македонија. Со 380 метри квадрати преточени во прекрасен објект, ПС Фешн Скопје стана дел од големото светско семејство на П.С Фешн низ целиот Балкан и Малта.

Станува збор за семејна приказна која започнува во 1995 година во Србија и во која посветувајќи се на дизајнот и производството на префината женска гардеба, накит и аксесоари, за кратко време го освојува српскиот пазар. Денес П.С. Фешн со преку 70 продавници е присутен во Србија, Хрватска, Малта, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а од вчера и Македонија.

IMG_6156“Вечерва се исполни мисијата ПС низ целиот екс ЈУ простор. На Македонките им посакуваме добредојде и им гарантираме нова модна возбуда, а и бран полн задоволства“, изјави вчера вечер Марија Михајлова, директор на ПС Фешн Македонија.

Тајната на успехот на овој препознатлив бренд е во мотивираноста и иновативноста на тимот кој е константно посветен на интересните, нови и свежи идеи. Идеи кои прераснуваат во прекрасни колекции кои се секогаш присутни на сите поголеми модни случувања, поздравувани од пошироката јавност.

Вечната инспирација на П.С. е комплетниот изглед на успешната модерна жена, од наутро до навечер, жена која е моќна, независна, секогаш подготвена да се соочи со предизвиците кои ги носи секојдневниот живот.