Балканските регулатори ќе го укинат роамингот?

40

10

Регулаторите од Македонија, Турција, Бугарија, Србија и Албанија се договараат да се укинат романинг цените меѓу балканските држави. Иницијативата поднесена пред речиси два месеца, се очекува да биде преточена во одлука и да стапи во сила од 1 јануари 2015 година. Во неа се вклучени и БиХ и Косово, јавува Миа.

Како што изјави денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски пред состанокот со своите колеги во Скопје, законска можност за реализирање на иницијативата постои, само треба да се најдат соодветните правни решенија.

„Додека чекаме пред Европската комисија за прилагодување на нашите роаминг цени кон европските кои се четири до пет пати повисоки, ние, балканските регулатори, решивме да се договориме, билатерално и мултилатерално, роамингот за нашите корисници да се укине“, истакна Орданоски.

Укинувањето на роамингот ќе се однесува на сите услуги на мобилните оператори, зборување, смс, интернет,…