Дизајнерот Џој Катан и неговиот тим го создадоа креветот што го носи името Balluga, пишува Contemporist. Станува збор за “паметен“ и интерактивен кревет, којшто создава идеални услови за спиење.
Креветот има своја апликација којашто ги следи виталните параметри на корисникот додека тој спие. Balluga му дозволува на корисникот да ја определи неговата цврстина, којашто најмногу му одговара за удобен сон.
Освен тоа, креветот нуди можност за контрола на температурата, па така корисникот може да ја намести идеалната температура за неговата половина од креветот.
Balluga е опремен со специјална технологија што создава вибрационен притисок, со којшто корисникот може да масира одредени делови од неговото тело.
Штом корисникот стане, во долниот дел на креветот автоматски се вклучува светилка, за да му овозможи доволна светлина за да не згазне нешто во темнината.
Овој кревет може да им биде од голема корист на луѓето кои имаат проблеми со ’рчењето. Специјалниот воздушен систем се активира, односно ја поткрева перницата и го запира ’рчењето на корисникот без да го буди.