Балсамико оцетот го скара Италијанците и Словенците

72

Производителите на светски познатиот италијански балсамико оцет од Модена ги повикаа властите во земјата да реагираат на одлуката на словенечката влада, согласно која како балсамико оцет може да се етикетира и продава секоја мешавина од вински оцет со редуциран вински сок.

Здружението на производители на оригиналниот балсамико оцет Coldiretti од Модена ги повика властите во Рим остро да реагираат во Европската комисија во Брисел, наведувајќи дека се работи за обид за регистрација на фалсификат и присвојување на познатиот италијански бренд.

Балсамико оцетот од Модена во Европската унија веќе долги години под името Aceto Balsamico di Modena е регистриран и заштитен како италијански бренд.

Фото: Pexels