Бамби претстави чоколади без шеќер

73

stevia

Српската компанија Бамби вчера во Белград ги претстави новите црна и бела чоколада без шеќер, засладени со екстрат на стевија, јавува Танјуг.

Чоколадите можат да ги конзумираат и дијабетичари, а не создаваат зависност како шеќерот, па според нутриционистот Бранка Мирковиќ, можат да се стават во категоријата здрава храна.

Чоколадите се со истиот вкус на кој се навикнати потрошувачите, велат од компанијата.