Бамби со ознака “не содржи ГМО” на своите производи

75

bambiКомпанијата Бамби од Пожаревац соопшти дека во иднина на сите свои производи ќе става ознака дека не содржат генетски модифицирани организми (ГМО).

“Имајќи ја во предвид се поголемата количина информации кои од разни страни стигаат од потрошувачите, а се однесуваат на генетски модифицираните супстанци во производите, одлучивме јасно да покажеме дека нашите производи не содржат ГМО”, соопштуваат од компанијата, пренесуваат српските медиуми.

Ова ќе биде првата прехранбена компанија во Србија која ќе стави ваква ознака на своите производи. Бамби работи во составот на Danube Foods група, чиј сопственик е инвестицискиот фонд Салфорд.