Бананакоин – нова крипто валута поврзана со банани

36

banana-2181470_960_720Фото: Pixabay

На пазарот има нова крипто валута наречена бананакоин, а зад нејзиното основање стојат претприемачите Олег Доброволски и Александер Бичков, пишува Huffington post.

Тие дистрибуираат токени со помош на технологијата на Ethereum. Секој токен, којшто има вредност колку моменталната извозна цена за еден килограм банани, е акција во вистинска плантажа за органско производство на банани во Лаос, местото каде живеат Доброволски и Бичков. Бананите од Лаос се продаваат во Кина, каде според креаторите, побарувачката на овошје е многу поголема од понудата.

Доколку корисникот изгуби интерес за бананакоинот може да го продаде својот токен за моменталната пазарна вредност или пак може да го замени за еден килограм банани.

Според веб страната на крипто валутата, инвеститорите имаат право да ја посетат плантажата во Лаос, а има и мапа за подобро да се најде локацијата. Целта на овој бананакоин проект е да се соберат потребните средства за производство на органски банани и нивна дистрибуција во Кина.