Bank of America: Купувајте злато, вредноста ќе му расте

177

Аналитичарите на Bank of America веруваат дека времето работи за златото.

“Како ултимативен чувар на вредноста, цените на златото успешно се покажаа во изминатите 15 месеци, растејќи над 10% откако Федералните резерви во јануари 2019 година направија пресврт на монетарната политика“, пишуваат аналитичарите на чело со Мајкл Видмер.

“Бидејќи фискалните трошоци се зголемуваат, а билансите на централните банки се удвојуваат, цврстите валути можат да се најдат под притисок, а инвеститорите ќе целат кон златото. Значи, ги ставаме на пазарот нашите прогнози и сега проектираме просечна цена на златото од 1.695 долари за унца во 2020 година и 2.063 долари за унца во 2021 година”, наведуваат аналитичарите.

Инвеститорите кои бараат заштита од економскиот пад ќе се свртат кон златото поради безбедност. Или како што пишуваат аналитичарите на BofA: “FED не може да печати злато”.

Фото: Pixabay