Bank of China доби дозвола за работа во Србија

25

china

Bank of China доби дозвола за работа во Србија од Народната банка на Србија (НБС).

На барање на основачот Bank of China Hungary Close Ltd. од Будимпешта, откако е оценето дека ги исполнува сите пропишани услови, НБС ѝ даде дозвола за работа на банката која ќе работи под името Bank of China Србија, акционерско друштво Београд, пишува Seebiz.

Ова ќе биде првата кинеска банка што работи во Србија. Банката треба да започне со работа од 20 јануари и според планираното, ќе биде централа за Балкан, источна и западна Европа.