Bank of China сака да инвестира во Црна Гора

19

bank-of-china_0_0_468X10000 Претставници на Bank of China, некогашна Кинеска централна банка, а денес втора најголема комерцијална банка во Кина и една од 10-те најголеми во светот, следната недела ќе пристигнат во посета на Црна Гора, пишува Дневне новине, пренесува Seebiz.
Според пишувањата, овој банкарски гигант ќе дојде во придружба на Power China, да разговараат со претставниците од Електростопанство и Владата за проектот Втор блок на термоелектраната Пљевља и за останатите потенцијални проекти.
Оваа посета следи по неодамнешниот состанок во Букурешт на кинескиот премиер Ли Кечијанг со претседателите на владите на 16 држави од источна и централна Европа.