Американската банка JPMorgan Chase се соочи со намален рејтинг откако откри дека сака да ја финансира сега веќе пропадната Суперлига.
Меѓу 12-те богати фудбалски клубови, шест беа британски и се надеваа дека ќе создадат моќна лига, но проектот пропадна по реакции од навивачите и шефови на влади ширум Европа, пишува Гардијан,
Агенцијата Standard Ethics, којашто прави проценка на одржливост по моделот на агенциите за кредитен рејтинг, упатила критики како до банката, како и до клубовите.
“Сметаме дека ориентацијата на клубовите вклучени во проектот и банката е во спротивност со добрата пракса на одржливост, којашто ја дефинираме согласно насоките на Обединетите нации, OECD и Европската унија, а предвид ги зема и интересите на акционерите“, велат од агенцијата.
Наводно банкари од JPMorgan определиле 3,25 милијарди евра за планираната Суперлига, со плаќање на секој тим со по 200 или 300 милиони евра. Првичните информации беа дека оваа нова европска лига би имала буџет од околу 5,25 милијарди евра.
Во новата Суперлига требаше да учествуваат клубовите: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челзи, Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан и Интер.
Фото: Pexels