Банка на пластика – проект за намалување на загадувањето

55

plastic banka

Претприемачите Дејвид Кетз и Шон Франксон од Канада започнаа проект чија цел е намалување на сиромаштијата и загадувањето од пластичниот отпад во еден чекор.

Нивната старт – ап приказна под името Plastic Bank утврди дека голем број подрачја се погодени од загадувањето со пластика, а на тие места луѓето едвај преживуваат.

Нивниот модел “социјално одговорна пластика“ го претвора пластичниот отпад во пари и ги наградува луѓето кои ја чистат околината и спречуваат загадување на животната средина, не дозволувајќи тој отпад да заврши во морињата.

Кетз ја добил оваа идеја на плажа во Малезија на која наместо песок преовладувал пластичен отпад. Тој вели дека пластиката е повредна од челикот и смета дека е потребно да се пронајде соодветен механизам за селектирање на овој широко распространет материјал.

Во овој момент во Перу се рециклира само 2% од отпадот, а од мај оваа година, кога во земјата започна да се применува овој проект, состојбата почна да се подобрува.

Во центрите на Plastic bank мештаните можат да ја заменат пластиката за пари и можат да си ги купат потребните намирници. На располагање им се ставени и 3D принтери со чија помош ќе можат да ги креираат алатите што им се потребни.

Следната фаза од проектот има за цел да ја зголеми побарувачката за социјално одговорна пластика преку отворање на компании кои користат пластика, да почнат да ја користат онаа што е собрана и на тој начин да си обезбедат сигурни и трајни извори на продажба.