Банкар од БиХ има месечна плата од 93.000 евра

70

Највисоката месечна плата исплатена во Босна и Херцеговина е 93.000 евра, а меѓу првите 10 највисоки плати исплатени во земјата доаѓаат од банкарскиот и трговскиот сектор, пренесуваат тамошните медиуми.

Како што потврдија од Даночната управа на Федерацијата на БиХ, најголемата исплатена нето-плата во првите четири месеци од 2020 година, која беше пријавена во оваа институција, изнесува 93.000 евра.

Овој личен доход исплатен е во банкарскиот сектор, а втората највисока плата изнесува 50.311 евра и е исплатена во сектор трговија. Третата највисока плата исто доаѓа од банкарскиот сектор и изнесува 45.867 евра.

Фото: Pixabay