Банкарски гигант со лоши вести: Мора да затвориме дел од филијалите и да отпуштаме вработени

111

Германската Commerzbank најави дека ќе затвори поголем број работни позиции и филијали.

Тоа го потврди и член од управата на банката. Како што навел, банката ќе објави “значително голем број“ филијали кои ќе бидат затворени, како и бројот на откази, кога ќе биде објавена ревизијата за својата стратегија за август.

Commerzbank во моментов е во процес на намалување на трошоците и ќе ги објави своите планови откако претходно ќе ја објави заработувачката во второто тримесечје.

Фото: Pixabay