Банкарскиот сектор продолжува да го поддржува Волстрит

27

Цените на акциите пораснаа на Волстрит во средата, што е повторно, трет ден по ред, благодарение на растот на финансискиот сектор бидејќи кварталните деловни резултати на банките се подобри од очекуваното.

Dow Jones зајакна 0,31 отсто, на 35.061 поен, додека S&P 500 порасна за 0,24 отсто, на 4.565 поени, а индексот Nasdaq 0,03 отсто, на 14.358 поени.

И вчера, трет ден по ред, најмногу порасна индексот S&P 500 на банкарскиот сектор, за 1,7 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на март, кога секторот го потресе колапсот на неколку банки.

Опкружувањето со покачени каматни стапки, стабилен пазар на труд и економски раст го фаворизира работењето на банките.

Голдман Сакс, УС Банкорп и голем број други банки вчера објавија подобри квартални резултати од очекуваните.

Од друга страна, вчера, по неколкудневен значителен раст, паднаа цените на акциите на неколку технолошки гиганти, како Microsoft, Alphabet и Nvidia.

Цените на акциите вчера пораснаа и на повеќето европски берзи. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,80 отсто, на 7.588 поени, а париски CAC се зголеми за 0,11 отсто, на 7.326 поени. Сепак, франкфуртскиот DAX се лизна за 0,10 отсто, на 16.108 поени.