
Банката на Израел на својата веб-страница објави дека одлучила да ја задржи референтната каматна стапка на 4,5 отсто.
„Тоа беа тешки четири месеци за државата Израел. Покрај безбедносните прашања, војната има и значајни економски последици. Таа влијае на економската активност како целина и на финансиските пазари, а неизвесноста останува висока“, велат од Банката на Израел.
Инфлацијата во Израел во јануари падна на 2,6 отсто на годишно ниво од три отсто во декември, а беа забележани и некои други знаци на економско закрепнување.











