Банката на Јапонија ги задржа каматните стапки

12

Банката на Јапонија (БоЈ) ги задржа каматните стапки, со прогнозите за поблаг економски раст и повисока инфлација во наредните години поради зголемените увозни трошоци и помалите владини мерки за олеснување.

Централната банка на Јапонија ја задржа краткорочната стапка на 0,1 отсто, откако на претходниот состанок ја зголеми за прв пат по 17 години. Банката потоа, исто така, ја заврши политиката за контрола на кривата на принос, притоа намалувајќи ги повеќето програми за купување средства.

Централната банка ги намали изгледите за бруто домашниот производ во услови на повисока инфлација и растечката несигурност за глобалната економија.

BoJ сега очекува растот на БДП во фискалната 2024 година да биде во опсег од 0,7 до 1,0 отсто, што е намалување од јануарската прогноза од 1,0 до 1,2 отсто. За фискалната 2025 година, се очекува растот да биде помеѓу 0,8 и 1,1 отсто, што е помало од претходните прогнози од 1,1-1,2 отсто.