Банката на Русија очекува годишната инфлација во земјата да падне на 10,1 процент до крајот на јуни

Банката на Русија очекува годишната инфлација во земјата да падне на 10,1 процент до крајот на вториот квартал од 2025 година, според коментарот на Централната банка за среднорочниот макроекономски преглед.

Според резултатите од првиот квартал од 2025 година, годишната инфлација во Русија изнесувала 10,3 проценти, што претставува забавување во споредба со вредностите забележани на крајот на 2024 година, првенствено поради строгата монетарна политика и зајакнувањето на рубљата, пренесува Интерфакс.

На крајот на април, Банката на Русија претходно ја задржа референтната каматна стапка на 21 процент и во таа прилика забележа дека руската економија постепено се враќа на патот на избалансиран раст.