
Централната банка на Русија предвидува дека, земајќи ја предвид актуелната монетарна политика, инфлацијата во Русија во вториот квартал на 2024 година ќе биде на ниво од 7,7 отсто на годишна основа.
Во Русија неодамна беше забележана годишна инфлација од 7,4 отсто на крајот на првиот квартал од 2024 година, пренесува Комерсант. Годишната основна стапка на инфлација во Русија во периодот од јануари до март 2024 година изнесуваше 6,5 отсто.
Според објаснувањето на централната банка, инфлацијата во Русија и натаму е висока поради активниот раст на побарувачката што ја надминува можноста за проширување на понудата на стоки и услуги на тамошниот пазар.
Во априлската прогноза на Банката на Русија се наведува дека годишната стапка на инфлација ќе падне во 2024 година и ќе се движи меѓу 4,3 и 4,8 проценти, по што инфлацијата во Русија дополнително ќе падне до посакуваните четири проценти, пренесува Танјуг.











