Банки казнети со 1,7 милијарди евра за местење на каматните стапки

12

RBSЕвропската комисија казни осум банки, меѓу кои и Royal Bank of Scotland, со вкупно 1,7 милијарди евра поради формирање на илегални картели за да можат да делуваат врз висината на каматните стапки, јавува BBC.
Банките делувале како картел на пазарот на финансиски деривати. Дериватите на каматните стапки се финансиски производи кои се користат за да се управува со ризокот на движење на каматните стапки.
Еврокомесарот за заштита на пазарна конкуренција Хоакин Алмуња, информираше дека е шокантно тоа што банките, кои треба да бидат конкуренција една на друга, всушност се здружиле една со друга.
Покрај RBS, Barclays и UBS, другите организации кои биле вклучени во овој скандал се Deutsche Bank, Societe Generale, JP Morgan, Citibank и брокерите RP Martin.
Банките кои се уште се под истрага се HSBC и Credit Agricole, како и JPMorgan.
Банките ќе бидат казнети со глоба за местење на каматни стапки, како и за манипулирање на стапките од страна на неколку институции.
Како што додаде Алмуња, дел од индивидуите во банките ќе се соочат и со кривични обвиненија.