Банките да се вклучат во хуманитарната акција за помош на жителите од поплавените подрачја

26

uni-banka-580x384

Банките да се вклучат во достава на хуманитарна помош за жителите од настраданите подрачја од поплавите во Скопје, со вода, храна, хигиенски средства и слично, апелира Коста Митровски, претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија и главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на УНИ Банка, Коста Митровски.

“УНИ Банка утре ќе донира вода за пиење во количина од 24.000 литри (шлепер вода) во загрозените подрачја и во координација со кризниот штаб ќе ја распредели водата според нивниот план. Во име на вработените од УНИ Банка, како Главен Извршен директор и Претседател на Управниот одбор, сакам да изразам сочуство до семејствата кои ги загубија своите најмили во поплавите што го зафатија Скопје. Сочуството го упатувам и од името на сите Банки во својство на Претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија“, стои во соопштението.