Банките господарат со берзата: Три од петте најтргувани акции се од банкарскиот сектор

Банкарските акции доминираат на македонскиот пазар на капитал, заземајќи три од петте позиции меѓу најтргуваните хартии од вредност во февруари 2026 година. Според Месечниот билтен на Македонската берза, Комерцијална банка останува убедлив лидер со промет од над 3,2 милиони евра.

Три од петте најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонската берза во февруари 2026 година доаѓаат од банкарскиот сектор. Комерцијална банка е на  врвот на листата, а по неа од банкарскиот сектор следат акциите на НЛБ Банка Скопје и Стопанска банка Скопје. На листата во топ петте најтргувани акции се најдоа и долгогодишните фаворити – Макпетрол и Алкалоид.

Акциите на Комерцијална Банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Макпетрол АД Скопје биле најтргувани на официјалниот пазар на Македонската берза во февруари 2026 година, покажуваат податоците од Месечниот статистички билтен на Берзата. Во топ-петте најактивни хартии од вредност се најдоа НЛБ Банка Скопје и Стопанска банка Скопје.

Со акциите на Комерцијална Банка направени се 556 трансакции, со просечна цена од 28.344,33 денари и промет од 3.203.361 евра.
По нив со 346 трансакции со просечна цена од 25.327,26 денари и промет од 1.018.658 евра следат акциите на Алкалоид, а зад нив со 94 трансакции со просечна цена од 112.244,15 денари и промет од 625.998 евра се акциите на Макпетрол.

Во првите топ пет најтргувани акции се најдоа и акциите на НЛБ Банка со 129 трансакции со просечна цена 57.523,15 денари и промет од 512.873 евра и  Стопанска банка со остварени 71 трансакции со просечна цена од 2.635,58 денари и промет од 210.219 евра.